Vrabotuvanje.com - ПЛАТИ до 28.400 денари: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ВРАБОТУВА
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ПЛАТИ до 28.400 денари: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ВРАБОТУВА

ПЛАТИ до 28.400 денари: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ВРАБОТУВА
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ –  285/2018

за вработување на  2 државни службеници од група I, подгрупа I во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за следните работни места


1. УПР0101В01000 Советник за управување, обработка и анализа на податоците од регистрите на министерството, Подрачна единица Куманово, Сектор за организација и координација на подрачни единици(1) извршител(и)

Општи услови
-   да е државјанин на Република Македонија,
-   активно да го користи македонскиот јазик,
-   да е полнолетен,
-   да има општа здравствена способност за работното место,
-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Добиточно производство (Сточарство), Образование
- најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

   Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување

   Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време
-   Работни денови понеделник-петок
-   Работни часови неделно 40
-   Работно време од 07:30 до 15:30
-   Опис за работното време со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот

Паричен нето износ на плата: 25.137,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Македонец(ка) 1.

2. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за развој на човечки ресурси, Сектор за човечки ресурси(1) извршител(и)

Општи услови
-   да е државјанин на Република Македонија,
-   активно да го користи македонскиот јазик,
-   да е полнолетен,
-   да има општа здравствена способност за работното место,
-   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки
- најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор

   Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни
- раководење и
- финансиско управување

   Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- потврда за положен испит за административно управување
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време
-   Работни денови понеделник-петок
-   Работни часови неделно 40
-   Работно време од 07:30 до 15:30
-   Опис за работното време со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 28.433,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Македонец(ка) 1.
 

ЦЕЛИОТ ОГЛАС МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ НА ЛИНКОТ

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje