Vrabotuvanje.com - Директор за продажба открива: Колку чинат и кој ги купува становите во Белград на вода?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Директор за продажба открива: Колку чинат и кој ги купува становите во Белград на вода?

„Сите купуваат. Сега, во последните две години доминантно купуваат луѓето од Србија и опкружувањето“, изјавил директорот за продажба во Белград на вода, Милован Савиќ.

Директор за продажба открива: Колку чинат и кој ги купува становите во Белград на вода?

„Најчесто тоа се српските бизнисмени, српските деловни луѓе, вработени во индустриите, ИТ, било кој којшто заработува доволно пари и којшто има визија дека најдобрата инвестиција во Србија моментално е вложување во недвижнини“, изјавил Савиќ.

Савиќ истакнува дека дијаспората била таа која прва го препознала потенцијалот на Белград на вода и дека токму луѓето од дијаспората биле тие кои први купувале станови на таа локација.

Цените за метар квадратен и натаму се највисоки во Белград, а директорот за продажба за „B92“ открил како се движат цените на станови во Белград на вода.

„Еве, како пример ќе земеме една премиум зграда која не е веднаш до реката и нема отворен поглед на реката, но е многу блиску и со поглед на реката. Најниската цена е околу 3.750, а највисоката околу 5.200 евра од метар квадратен“, открил Савиќ.

На прашањето, дали луѓето купуваат во готовина или сепак се одлучуваат за кредит, Савиќ истакнува:

„Нема многу купувачи на кредит. Не само во Белград на вода, ги нема ни во Србија глобално. Значи, во Белград на вода купувачите доаѓаат доминантно како купувачи во готовина“, изјавил Савиќ.

Извор: supermen.tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje