Vrabotuvanje.com - И „АЛИЕКСПРЕС“ ВЕЌЕ НЕ Е ТОА ШТО БЕШЕ: Платформата оди под лупа, постои сомнение за продажба на нелегални и штетни производи
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

И „АЛИЕКСПРЕС“ ВЕЌЕ НЕ Е ТОА ШТО БЕШЕ: Платформата оди под лупа, постои сомнение за продажба на нелегални и штетни производи

Европската комисија (ЕК) денеска покрена истрага против компанијата „Алиекспрес“ врз основа на новиот Закон за дигитални услуги, бидејќи се сомнева дека преку оваа онлајн платформа за купување се шират нелегални и штетни производи.

И „АЛИЕКСПРЕС“ ВЕЌЕ НЕ Е ТОА ШТО БЕШЕ: Платформата оди под лупа, постои сомнение за продажба на нелегални и штетни производи

Претставниците на ЕК изјавија за Ројтерс дека се загрижени за системските ризици кои произлегуваат од ширењето на нелегални производи, како што се лажни лекови и сомнителна храна или додатоци во исхраната, преку AliExpress.

Комисијата, исто така, тврди дека сè уште има порнографски материјали на AliExpress и истражува дали малолетниците имале пристап до таква содржина, се наведува на веб-страницата на ЕК.

Истрагата против „Алиекспрес“ се фокусира и на транспарентноста на системот за рекламирање и препораки.

Кинеската компанија „Алибаба“, сопственик на платформата „Алиекспрес“ се уште не се изјаснила.

Европската комисија претходно иницираше истраги против платформата Тикток и социјалната мрежа Х (Твитер) во рамките на Законот за дигитални услуги, кои сè уште се во тек.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje