Vrabotuvanje.com - БАЛКАНЦИТЕ СЕ НАЈГОЛЕМИ „МАМИНИ МАЗИ“: Американците и Русите се осамостојуваат на 19, а еве кога тоа го прават Македонците
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

БАЛКАНЦИТЕ СЕ НАЈГОЛЕМИ „МАМИНИ МАЗИ“: Американците и Русите се осамостојуваат на 19, а еве кога тоа го прават Македонците

БАЛКАНЦИТЕ СЕ НАЈГОЛЕМИ „МАМИНИ МАЗИ“: Американците и Русите се осамостојуваат на 19, а еве кога тоа го прават Македонците

Многумина го напуштаат домот на своите родители кога ќе започнат со студиите во друг град и остануваат таму за работа или стануваат независни само кога ќе основаат свое семејство. Според истражувањето на Евростат, младите во Македонија го напуштаат домот на родителите на 32,1 години.

Младите го напуштаат домот на своите родители во Србија во просек на возраст од 31,4 години, а во Црна Гора на 33,3 години.

Кога станува збор за Европа, просечната возраст кога младите ги напуштаат своите родители варира од 21,3 години во Финска до 33,4 години во Хрватска.

На пример, во Германија и Франција младите стануваат независни на околу 23 години, во Австрија на 25,3, а во Белгија и Луксембург на околу 26 години.

Во скандинавските земји границата е помала, па во Шведска младите се раздвојуваат веќе на 21,4 години. Во Данска на 21,7 години, во Холандија на 23.

Гледајќи го балканскиот регион, границата е значително поместена нагоре.

Американците се дефинитивно најнезависната нација затоа што имаат најниска граница на независност. Поточно, во САД младите го напуштаат домот на своите родители на 19 години, што е најмал број години на листата на Евростат. Блиску се и Русите, со граница од 19,8 години.

Третото место на „најнезависни“ млади луѓе го зазема Австралија, каде луѓето го напуштаат домот за да се осамостојат во просек на 20,4 години.

извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje