Vrabotuvanje.com - Се откажуваат летови од Скопје, позната авиокомпанија почнува штрајк!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Се откажуваат летови од Скопје, позната авиокомпанија почнува штрајк!

Вработените на авиокомпанијата „Аустриан ерлајнс“ денеска започнуваат штрајк, кој ќе трае до 29 март.

Се откажуваат летови од Скопје, позната авиокомпанија почнува штрајк!

Штрајкот е поради спор околу платите, што резултираше со откажување на 400 летови кои влијаат на 50.000 патници.

Во текот на погодениот дводневен период, авиокомпанијата требаше да реализира 24 летови од Виена до градовите во рамките на поранешна Југославија, вклучувајќи шест лета до Белград, четири до Сараево и Загреб, три до Приштина и Скопје, два до Подгорица и по еден до Дубровник и Сплит.

Од друга страна, утре (петок), од три дневни летови од Виена до Белград, откажан е само еден (OS735).

Истиот ден, авиокомпанијата ќе ги реализира двата лета до Сараево. Еден од двата дневни лета во Загреб (OS681) е откажан.

Eдинствените летови кон Скопје (OS777) и кон Приштина (OS767) исто така се откажани.

Летовите до Подгорица и Сплит во петок ќе се одвиваат според планираното, додека летот за Дубровник (OS731) е откажан.

Извор: mk.tv21.tv

 
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje