Vrabotuvanje.com - Рано-летни температури во наредните денови ќе рушат рекорди!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Рано-летни температури во наредните денови ќе рушат рекорди!

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата, се вели во најновата временска прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи.

Рано-летни температури во наредните денови ќе рушат рекорди!

Од денес, па се до крајот на оваа недела во Македонија следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала локална облачност. И понатаму ќе го имаме ветерот од јужен и од југозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензите, пишува во најновата метеоанализа Славчо Попоски.

Во деновите кои што се пред нас, како што и претходно најавивме, територијата на Македонија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса која од северните предели на Африка ќе продре према нашите краишта. Температурите значително ќе се покачат и во следниот период тие ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, односно тие ќе бидат рано-летни.

Насекаде температурите низ Македонија ќе надминуваат 20 степени, понекаде тие ќе се искачат  и до околу 25 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија температурите ќе се искачат до околу 30 степени.

Во Скопје  и околината исто така ќе има многу сонце, но повремено ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец. Температурата во следните денови ќе биде рано-летна  и ќе се искачува во интервалот помеѓу 23  и 26 степени, пишува Попоски.

Извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje