Vrabotuvanje.com - Жена тврди дека ја одбиле на интервју за работа затоа што не се нашминкала
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Жена тврди дека ја одбиле на интервју за работа затоа што не се нашминкала

Жена од Њујорк тврди дека била одбиена за висока позиција бидејќи регрутерот мислел дека не вложила доволно труд за нејзиниот изглед.

Жена тврди дека ја одбиле на интервју за работа затоа што не се нашминкала

Во вирално видео на TikTok, кој е прегледан повеќе од 266.500 пати, Мелиса Вивер рече дека се трудела да се облекува според канцеларискиот код во нејзиното видео интервју за позицијата потпретседател за човечки ресурси во технолошка компанија.

Вивер рече дека носела црн блејзер и бела кошула со копчиња. Ја средила косата и ги обоила ноктите во неутрална боја.

„Не мислев дека тоа е голема работа. Но, јасно е дека таа беше“, напиша Вивер во есеј за Инсајдер за инцидентот.

 

Вивер рече дека мислела дека интервјуто поминало добро, дури и 10 минути подолго од планираното. Сепак, таа беше изненадена кога неколку дена подоцна доби мејл во кој пишуваше дека иако е „во склад“ со она што го сака компанијата во однос на искуството и вредноста, таа не успеала да влезе во следната рунда.

Одговор на компанијата

Самата професионалец за човечки ресурси, Мелиса бараше повратна информација кога регрутер ѝ кажа преку е-пошта дека компанијата е „загрижена што таа не вложила доволно труд за нејзиниот изглед со оглед на тоа дека интервјуирала за позицијата VP“.

„На почетокот бев малку шокирана затоа што некој ми го напиша тоа во е-пошта. Но, уште повеќе, што во 2024 година тоа сè уште се случува“, изјави таа.

Луѓето во коментарите застанаа во одбрана на Мелиса Вивер, нарекувајќи ја одлуката на регрутерот „крајно несоодветна“ и ја повикаа да ја препрати е-поштата до шефот на HR на компанијата, пишува Entrepreneur.

„Искрено изгледа како дискриминација“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

„Нема да те вработам според твојот изглед?“ изјавил друг.

Вивер не ја именуваше компанијата.

Како што може да се види на нејзиниот LinkedIn, Вивер последен пат работела како постар партнер за човечки ресурси во Action Network пред да биде отпуштена во декември 2023 година.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje