Vrabotuvanje.com - Поради недостиг на работници продавниците во Чаршијата затвораат порано
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Поради недостиг на работници продавниците во Чаршијата затвораат порано

Натписите „Бараме работници“ стојат залепени на сите деловните објекти а ги има и во дуќаните на Старата скопска чаршија. Поради недостиг на работници, во повеќето случаи продавниците во Чаршијата затвораат порано. Според првиот човек на чаршискиот еснаф, состојбата дополнително ќе се влошува зашто нема интерес за продолжување на занаетчиството.

Поради недостиг на работници продавниците во Чаршијата затвораат порано

„Во последно време ни треба многу затоа што го проширивме асортиманот и има потреба од работници, немањето работници е причина што не работиме до доцна во чаршија бидејќи почнуваме рано наутро. Порано почнувавме да учиме занаети и да работиме во чаршија на 10 години а денес на 18 или 20 години, луѓето мислат дека е рано – вината е кај родителите, што не ги воспитуваат децата да работат, работата те формира како човек и ве прави да бидете спремни за живот“, вели Бујар Дулови, еснаф во Чаршијата.

Недостигот на работници е и поради ниските плати.

„Познато е дека нашите плати се многу пониски од оние во Европа, а со отворањето на границите имаат различни плати и со тоа доаѓа до голема демотивацијата на младите“, додава Дулови.

Скопската чаршија и натаму останува најпосетувано место од домашните и странските туристи.

Извор: alsat.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje