Vrabotuvanje.com - Нема кој да не лечи-над 200 лекари годишно заминуваат од Македонија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Нема кој да не лечи-над 200 лекари годишно заминуваат од Македонија

Нема кој да не лечи-над 200 лекари годишно заминуваат од Македонија

За три децении тројно е намален бројот на доктори. Ако во почетокот на 90-тите имало 18 илјади, сега има 6 илјади. Тоа се должи на одливот на здравствени работници, каде според проценките годишно си заминуваат 200 до 250 лекари. Според претседателот на Македонското лекарско друштво подобри услови се клучот за задржување на докторите во државата.

„ОД ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО 200 ДО 250 ЛЕКАРИ ГОДИШНО ЗАМИНУВААТ ВО СТРАНСТВО. ПОТРЕБНО Е ДА СЕ НАПРАВИ ДОБРА РЕГИОНАЛИЗАЦИЈА, ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА, ЗА НАПРЕДУВАЊЕ, ЗА БРЗО ВРАБОТУВАЊЕ И ДА ИМААТ СТИПЕНДИИ  ДОДЕКА УЧАТ“, ИЗЈАВИ Д-Р ГОРАН ДИМИТРОВ, МАКЕДОНСКО ЛЕКАРСКО ДРУШТВО.

Заменик министерката за здравство пак смета дека проблемот со иселување е на глобално ниво. Но, сепак за подобрување на состојбата кај нас вели дека примарен услов е зголемување на платите и подобрување на условите.

„ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИИ НА НАШИТЕ МЛАДИ ЛЕКАРИ. ВЛОЖУВАЊЕ ВО ИНФРАСТРУКТУРА ВО ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ. ОСВЕН ВО ИНФРАСТРУКТУРА ВЛОЖУВАЊЕ И ВО НАЈМОДЕРНА ОПРЕМА КОЈАШТО ОВОЗМОЖУВА СВЕТСКИТЕ МЕТОДИ КОИ ШТО СЕ РАБОТАТ НЕКАДЕ ВО СВЕТОТ ДА СЕ РАБОТАТ И ВО НАШАТА ДРЖАВА. СИТЕ ТИЕ РАБОТИ СОБРАНИ ЗАЕДНО ДА БИДАТ МОТИВ ЗА ОСТАНУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО НАШАТА ЗЕМЈА“, ИЗЈАВИ Д-Р МАЈА МАНОЛЕВА, ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО.

Покрај оние кои масовно се иселуваат, во Македонија има и млади луѓе кои се со големи амбиции за иднина овде. Таков е Леонид Караџинов, кој изминатата година беше најдобриот студент на Медицинскиот факултет. Тој сега работи во Итната медицинска помош, каде треба да биде половина година за да добие можност за специјализација.

„КЛУЧНО Е ДА ИМАМЕ СИГУРНОСТ И ДА ЗНАЕМЕ ДЕКА ЗАД НАС СТОИ НЕКОЈА БЕЗБЕДНОСТ ВО ОДНОС НА НЕКОИ НЕЗГОДНИ СИТУАЦИИ СО ПАЦИЕНТИТЕ. НО, ОСОБЕНО ФИНАНСИСКАТА СИГУРНОСТ Е МНОГУ ВАЖНА“, ВЕЛИ ЛЕОНИД РЕНЕ ТОМАС КАРАЏИНОВ, ПРВЕНЕЦ НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО 2023 ГОДИНА.

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje