Vrabotuvanje.com - Уште три дена топло, потоа доаѓа „зима среде пролет“
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Уште три дена топло, потоа доаѓа „зима среде пролет“

Во периодот од денешниот ден, па се до среда, територијата на Македонија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на топлата воздушна маса од Африка, како и на стабилна и сува воздушна маса, прогнозира Славчо Попоски.

Уште три дена топло, потоа доаѓа „зима среде пролет“

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Во Скопје  и околината ќе имаме слично време, со температура која ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 28 степени. Овие температури кои не очекуваат наредните три денови, секако и понатаму се натпросечно високи за овој период од годината. 

Но, по овие неколку дена ќе имаме драстична промена на времето. 

- Се поизвесно е дека промената на времето ни доаѓа наредната седмица, а веќе во периодот од 15 па се до 22 Април би имале и поладно време, понекаде дури и со потпросечни температури, но и почести врнежи. Поради падот на температурите, понекаде во Европа и кај нас на Балканот би можел да се појави дури и пролетниот снег, особено секако на планинските места. Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и нешто пониско, во зависност од тоа како би се движел ладниот воздух кој би се спуштил преку Атлантикот  и од северозападот на Европа, алармира Попоски. 

Извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje