Vrabotuvanje.com - Бесплатен одмор на Родос за туристите кои лани избегаа од пожар
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Бесплатен одмор на Родос за туристите кои лани избегаа од пожар

Грција почна да дели ваучери за бесплатен седумдневен одмор на туристите кои беа принудени да ги напуштат хотелите на грчкиот остров Родос минатото лето поради шумски пожар.

Бесплатен одмор на Родос за туристите кои лани избегаа од пожар

Според Гардијан, ваучер чекаат околу 25.000 туристи, главно од Велика Британија.

Ваучерите Грција ги озакони, а министерот за туризам Мирон Флурис рече дека се првата земја во светот која одлучила на овој начин да им дава компензација на туристите.

Во рамките на таа програма, лицата евакуирани од хотелите поради пожар во јули ќе можат да користат е-ваучери во вредност од 300 до 500 евра за покривање на трошоците за сместување за време на еднонеделен престој.

Иницијативата ќе се спроведува во две фази. Првата почнува сега и ќе трае до 31 мај, а втората е од 1 октомври до 15 ноември. Туристичките власти во Родос соопштија дека досега се регистрирани повеќе од 5.000 туристи во регистарот на корисници на програмата.

Извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje