Vrabotuvanje.com - Платата во Икеа во Хрватска скокна на 1800 евра!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Платата во Икеа во Хрватска скокна на 1800 евра!

Скандинавските гиганти кои продаваат мебел и покуќнина остварија силен деловен раст на хрватскиот пазар минатата година.

Платата во Икеа во Хрватска скокна на 1800 евра!

Шведската Икеа лани имаше приход од 153 милиони евра, со раст од дури 31 отсто. Нето добивката изнесува 4,4 милиони евра, што е за речиси 37 отсто повеќе од претходната година, пренесува Даница.

Резултатите од продажбата и профитабилноста беа проследени со платите и вработеноста. Икеа минатата година имаше 562 вработени, што е за 65 повеќе од една година порано. Нето платата беше околу 1.640 евра, што е за 20 отсто повеќе (година пред тоа беше околу 1.370 евра).

Сепак, Икеа Хрватска годинава ги зголеми платите во просек за 16 отсто. Тоа значи дека просечната нето плата во таа компанија е речиси 1.800 евра.

Така, за една година платата во Икеа скокнала за повеќе од 400 евра, односно за околу 36 отсто.

Просечната плата во Хрватска е околу 1.200 евра, што значи дека платите во познатата продавница за мебел се дури 50 отсто над просекот.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje