Vrabotuvanje.com - Ќе добиете парична казна: Еве кога не можете да вклучите клима или греење во возилото во Германија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ќе добиете парична казна: Еве кога не можете да вклучите клима или греење во возилото во Германија

Ќе добиете парична казна: Еве кога не можете да вклучите клима или греење во возилото во Германија

Возачите во Германија мора да бидат внимателни доколку сакаат да користат греач или клима уред во своето возило.

Имено, Законот за сообраќај предвидува јасни прописи за ова, како што пренесува магазинот Феникс.

Како што е наведено во Законот, забрането е палење на моторот кога автомобилот не е во движење поради метеж, само за вклучување на греалките во возилото. Истото важи и ако клима уредот се користи на овој начин во текот на летото.

Според листата на сообраќајни казни во Германија, секој кој ќе биде фатен за овој прекршок ќе биде казнет со 80 евра.

Соодветната забрана важи и ако возилото е на приватен имот и моторот работи – тогаш стапува на сила Државниот закон за контрола на емисиите, кој исто така го спречува непотребното работење на моторот.

извор: nezavisen.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje