Vrabotuvanje.com - Скопскиот бувљак е место каде што се продава буквално сѐ – еве дел од атмосферата
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Скопскиот бувљак е место каде што се продава буквално сѐ – еве дел од атмосферата

Секој вторник и петок, населбата Маџари во Скопје оживува со шарениот свет на бувљакот.

Скопскиот бувљак е место каде што се продава буквално сѐ – еве дел од атмосферата

Овој пазар е место каде што минатото и сегашноста се среќаваат, а секој може да најде нешто интересно да купи за смешни пари.

Еден скопјанец сподели дека со години наназад не пропушта ниту еден бувљак.

„Секогаш сум тука, без разлика на времето. Има денови кога одам дома со празни раце, но понекогаш среќата ми се насмевнува и начекувам вредни предмети за смешни пари“, ни изјави тој, додека разгледуваше рачни часовници на една од импровизираните тезги.

Тој се пофали дека пред неколку години начекал многу убав и скап велосипед за цена од 1.000 денари.

„Велосипедот е можеби една од највредните работи што сум ја купил за мали пари. А сум купувал и други предмети. На пример, еднаш купив бормашина, па хилта, некои делови за автомобил… Се начекува, ама треба многу рано да дојде човек тука и да биде меѓу првите муштерии. Оти, ако само малку задоцните, квалитетната роба одеднаш ќе се распродаде“, објасни нашиот соговорник.

Од друга страна, продавачите на бувљакот исто така имаат свои приказни.

Еден од нив, кој продава разновидна роба, тврди дека неговите производи се донесени директно од Германија.

„Луѓето таму често фрлаат работи кои овде се сметаат за скапоцени. Јас ги собирам и ги нудам тука по многу пристапни цени. Ниту крадам, ниту лажам. Еве, со ова работам цели 10 години и досега никој не ми се пожалил и ниту еднаш не сум имал проблем со полиција. Со мене на тезга имам и агрегат, па муштериите можат слободно да ги вклучат апаратите во струја за да видат дали работат пред да ги платат“, објаснува продавачот.

Скопскиот бувљак не е само место за купување и продавање, туку и за социјализација и споделување на искуства.

Тој е живописен мозаик на луѓе, предмети и приказни кои го прават еден од најинтересните пазари во регионот.

Извор: denar.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje