Vrabotuvanje.com - Растат цените и во угостителството - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Растат цените и во угостителството - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

Растат цените и во угостителството - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

Цените на угостителските услуги во април во споредба со март 2024 година се зголемени за 2,5 проценти, а во однос на истиот месец минатата година има зголемување од 5,9 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 13,5 проценти.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април во однос на истиот период минатата година, е зголемен за 6,2 проценти, a во однос на декември зголемувањето е за 1,3 проценти. 

Деталите покажуваат дека има раст на цените во угостителските објекти кај сите категории. Има поскапување и кај храната и каја алкохолните и безалкохолните пијалоци. Притоа забележливо е дека кај храната повеќе поскапеле варивата, салатите и лебот, додека месото, готови јадења и предјадења имаат помал раст на цените.

извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje