Vrabotuvanje.com - Зошто никогаш не треба да ја фрлате течноста што се појавува на површината на киселото млеко?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Зошто никогаш не треба да ја фрлате течноста што се појавува на површината на киселото млеко?

Зошто никогаш не треба да ја фрлате течноста што се појавува на површината на киселото млеко?

Дали некогаш сте забележале вода врз вашето кисело млеко или павлака и сте се запрашале што е тоа? Доктор од Универзитетот во Сандерленд тврди дека иако можеби не е најубавата глетка, течноста никогаш не треба да се фрла.

Многумина од нас прават грешка да ја фрлаат храната што не изгледа добро, кога веројатно е нешто што е сосема во ред. Според „Business Waste“, во Велика Британија годишно се фрлаат дури 9,5 милиони тони храна.

Зборувајќи со своите 5,3 милиони следбеници на „TikTok“, д-р Каран Раџ од „Универзитетот во Сандерленд“ тврди дека „мистериозната“ течност е всушност преполна со витални хранливи материи и бројни витамини.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

„Не цедете го толку брзо, мислејќи дека вашето кисело млеко се расипало. Оваа течност е полна со есенцијални хранливи материи – протеини, калциум, Б12, дури и пробиотици – како и мноштво други минерали“, зборувал тој.

Оваа вода направена од кисело млеко има и име – сурутка. Се создава кога млекото е подложено на „коагулација“ – процес во кој се згуснува во сирење или кисело млеко, пишува „Mirror“.

Додека дел од млекото се зацврстува и формира „грутка“ – што е цврстиот дел од сирењето или киселото млеко – се создава и течност, односно сурутка, пренесува „N1 Загреб“.

Д-р Раџ продолжил: „Колку подолго го оставате киселото млеко недопрено, толку е поголема веројатноста сурутката да се наталожи и издигне на врвот, оставајќи воденеста фолија“.

„Во многу поцврсти сирења, како што се чедар или пармезан, сурутката всушност е исцедена и има намалена содржина на лактоза“, додал докторот.

На оние на кои им пречи оваа течност, не треба да ја истураат, туку едноставно да измешаат кисело млеко и на тој начин да добијат вкусна и здрава храна која може да ја комбинираат со разни други намирници, од јајца до зеленчук.

извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje