Vrabotuvanje.com - ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Минатата година работниците во Германија работеа околу 1,3 милијарди часа прекувремена работа. Повеќе од половина, 775 милиони работни часови, не се платени, според бројките објавени од владата во четвртокот.

Просечниот вработен во текот на годината одработил 31,6 часа прекувремена работа, од кои 18,4 часа не платиле работодавците, соопшти Министерството за труд на барање на Сузана Фершл, пратеничка од партијата Левица, пренесува ДПА.

– Работодавците заштедуваат милијарди со тоа што не плаќаат прекувремена работа, додека вработените трпат продолжена работа и постојани барања да бидат флексибилни – рече Фершл.

Министерството се повика на февруарскиот извештај на Институтот за истражување на трудот.

Според тој извештај, прекувремената работа од минатата година е еднаква на работата на 835.000 работници со полно работно време.

Во исто време, бројката е за околу 100 милиони работни часови помалку од претходната година, кога прекувремената работа во цела Германија изнесуваше вкупно 1,4 милијарди часа.

извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje