Vrabotuvanje.com - Нафтата пак поскапува: Од вторник ќе возиме поскапи горива
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Нафтата пак поскапува: Од вторник ќе возиме поскапи горива

Нафтата пак поскапува: Од вторник ќе возиме поскапи горива

По серијата намалувања на цената на нафтените деривати, ценовните движења на светските берзи не носат добри вести за возачите, пренесува порталот Прес24.

За само 2 дена, цената на суровата нафта скокна за 3,5 долари по барел и сега се тргува за нешто по 63 долари за еден барел.

И покрај тоа што трендот на движењето на цените води кон поскапување, просекот се уште е под оној од пред две недели, па доколку нема некои драстични скокови, не се исклучува, идниот понеделник, регулаторот цените да ги задржи на ова ниво или пак корекциите да бидат минимални.

Но, доколку нафтата продолжи да поскапува со ова темпо, можно е до крајот на годината до кога има уште две корекции, повторно да дојде до значително зголемување на малопродажните цени.

Во моментов дизелот е 61 денар, а бензините 63 односно 65 денари за еден литар.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje