Vrabotuvanje.com - Спречете прегревање на лаптопот со овој едноставен трик
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Спречете прегревање на лаптопот со овој едноставен трик

Спречете прегревање на лаптопот со овој едноставен трик

Еден од најчестите проблеми со лаптопите е прегревањето, проблем со кој многумина се соочуваат. Најголем дел од луѓето не се сигурни како да го поправат и поради тоа најчесто не превземаат ништо. Малкумина знаат дека на овој начин се создава поголема штета. Прегревањето може да предизвика многу проблеми, од појава на син екран до загуба на податоците. За да не дојде до ова, овој едноставен трик ќе може многу да ви помогне.

Се што ви е потребно се две вилушки.  Двете вилушки треба да бидат поставени со врвовите нагоре и ставени на краевите од лаптопот. На овој начин, вилушките ќе го одвојат лаптопот од површината и ќе предизвикаат подобро струење на воздухот, а со тоа и поголемо ладење.

Сепак, станува збор за привремено решение на овој проблем. За да спречите преголемо прегревање на лаптопот немојте да играте премногу игри на него, редовно чистете го вентилаторот и исклучувајте го сосема кога не го користите.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje