Vrabotuvanje.com - 1000 евра се минимумот да изгурате месец во Макеоднија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

1000 евра се минимумот да изгурате месец во Макеоднија

1000 евра се минимумот да изгурате месец во Макеоднија

За врзување на првиот и последниот ден од мај се потребни 60.090 денари. Толкава е вредноста на минималната кошница што ја пресметува Сојузот на синдикатите. Споредено со претходната од април, за цели 122 денари го олеснила товарот на просечното четиричлено семејство.

Во структурата најголемите зафаќања ги имаат трошоците за храна и пијалаци – 31,6 проценти. За задоволување на најосновините потребите се неопходни минимум 21.689 денари.

Втората ставка што влече најмногу пари е образованието со 7.003 денари и учество во структурата на кошничката со 11,7 отсто, додека третата ја претставуваат режиските трошоци во износ од 6.014 денари (10%).

Овие бројки се за семејство кое има сопствен дом. Доколку живее во изнајмени 60 квадрати, синдикалната минимална кошница тежи 75.465 денари, додека во априлската изнесуваше 75.587 денари.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje