Vrabotuvanje.com - Што е „карта-шанса“ за барање работа во Германија за Македонците и останатите жители на балканските држави - правило кое важи од денеска
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Што е „карта-шанса“ за барање работа во Германија за Македонците и останатите жители на балканските држави - правило кое важи од денеска

Од денеска жители на Македонија ќе може многу полесно да одат во Германија и да бараат работа на неопределено време. Новите правила на германската федерална влада, освен на работници од Македонија, овозможуваат и на жители на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и од Косово да го користат новото правило наречено „карта-шанса“.

Што е „карта-шанса“ за барање работа во Германија за Македонците и останатите жители на балканските држави - правило кое важи од денеска

Германија во борба за привлекување на квалификувана работна сила од посиромашните европски држави ја зголеми односно ја дуплираше квотата за работници на неопределено време од западниот Балкан и сега таа квота изнесува 50.000 вработувања.

Втората промена е таканаречената „карта-шанса“ со која на граѓаните на Македонија и останатите држави надвор од ЕУ им се дава можност да влезат во Германија и без потврда дека веќе имаат вработување односно договор со некоја германска компанија.

Правилото се однесува на оние кои имаат најмалку две години стручна обука или факултетска диплома која е признаена во државата каде таа квалификација е стекната. За македонските граѓани тоа значи дека може да одат во Германија доколку имаат диплома и квалификација која е признаена и во Македонија, но и во Германија.

Дополнителен услов е определен степен на знаење на германски или англиски јазик. Кога „карта-шанса“ ќе му се одобри на некој работник тогаш тој има право да живее во Германија и во рок од една година да бара и да најде работа. Доколку не го исполни условот и не најде работа тогаш му завршува престојот и важењето на „карта-шансата.

Германските власти соопштија дека овие правила се воведени поради намалување на бирократијата и скратување на процедурата, а се дел од закон кој има за цел Германија да стане привлечна за квалификувани кадри кои и се потребни на најголемата европска економија.

Извор: telma.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje