Vrabotuvanje.com - Странски искуства: Како да се подобрат условите и правата на граѓаните поврзани со домувањето?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Странски искуства: Како да се подобрат условите и правата на граѓаните поврзани со домувањето?

Од високи ќирии до нерегулиран престој. Потстанарите во земјава се соочуваат со низа проблеми, констатираат од Организацијата за домување и станари (ОДС) и Фондацијата Фридрих Еберт.

Странски искуства: Како да се подобрат условите и правата на граѓаните поврзани со домувањето?

Според нив, државата мора да преземе конкретни чекори за заштита на станарите и подобрување на условите во кои живеат.

Токму, на Фестивалот на домување се отворија ваквите прашања, а целта е искуствата од експерти од поразвиените земји, да се имплементираат и во Македонија

Домувањето мора да биде достапно за секоја категорија на граѓани, велат експертите од странство.

-Мора да имате право на избор каде ќе живеете. Или во сопствен стан, или во изнајмен стан. Ова мора да биде поддржано од земјата. Начинот на домување мора да биде различен, затоа што луѓето имаат различни потреби.- Барбара Стенберген – Меѓународна унија на станари

-Пристапното домување е проблем насекаде низ светот. Можам да кажам дека е еден вид на глобална криза. И во поразвиените и во понеразвиените земји е тешко да се најде соодветно место за живеење. Тоа е проблем со кој ќе се бориме во иднина.- Дан Никандер – Меѓународна унија на станари

Инаку, што се однесува до цената на недвижностите за изнајмување во земјава, таа варира од град до град, и од нејзината големина. Најниските цени на помалите станови се движат од 150 евра, а ќириите во Скопје некаде надминуваат и 500 евра месечно.

Извор: kanal5.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje