Vrabotuvanje.com - Нема веќе саем на автомобили во Женева – се откажува по 119 години
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Нема веќе саем на автомобили во Женева – се откажува по 119 години

Познатиот саем со стогодишна традиција се сели во Катар.

Нема веќе саем на автомобили во Женева – се откажува по 119 години

По 119 години, автосалонот во Женева дефинитивно е затворен. Организаторите на настанот во петокот на Фејсбук објавија дека настанот повеќе нема да се одржува во Швајцарија „поради тековните предизвици во индустријата и конкуренцијата“.

Дојдоа тешки денови за познатиот салон за автомобили од почетокот на пандемијата COVID-19 пред повеќе од четири години. Саемите за 2020, 2021, 2022 и 2023 година се откажани поради коронавирусот.

Кога повторно се одржа Саемот за автомобили во Женева на почетокот на 2024 година, учествуваа само неколку производители на автомобили.

Geneva motor show axed indefinitely | Autocar

Во меѓувреме, организаторите започнаа дополнителна изложба во Катар во 2023 година, која ќе продолжи наместо саемот за автомобили во Женева. Следниот ќе се одржи во ноември 2025 година.

Женева беше домаќин на првиот автомобилски саем во далечната 1905 година. На овој важен настан дебитираа многу легендарни модели од последните сто години.

Извор: biznisinfo.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje