Vrabotuvanje.com - ПЛАТИТЕ НА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ТОНАТ: Истражувањата утврдија дека постојано паѓа нивното учество во Буџетот
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ПЛАТИТЕ НА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ТОНАТ: Истражувањата утврдија дека постојано паѓа нивното учество во Буџетот

ПЛАТИТЕ НА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ТОНАТ: Истражувањата утврдија дека постојано паѓа нивното учество во Буџетот

Платите на вработените во јавниот сектор низ годините имаат се помалу учество во вкупниот буџет кој државата го троши. Ова го покажала анализата на Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, кој исто така утврдиле дека во период од 2010 година па се до 2020 година платите за вработените се намалиле. Но, овој тренд е променет во 2021 и 2022 година кога нивното учесто почнува да се зголемува.

- Првиот е тренд присутен кај платите на административците е намалување во период од 2010-2021, а вториот од 2021-2023 се согледува тренд на зголемување на учеството на платите во вкупните трошоци. Најниска точка е во 2021 година со 10 проценти учество, и највисока во 2010 година со 15 отсто учество – истакнуваат аналитичарите на ЗМАИ во објавениот извештај.

Притоа укажуваат дека согласно Светската Банка, учеството на платите во вкупниот буџет на Република Македонија има тренд на намалување и е под светскиот просек.

Воедно во истражувањето е направена споредба какво е движењето на платите во вкупните трошоци на државите во соседството, поконкретно земени за пример се земјите членки на Отворен Балкан, соседите Албанија и Србија.

Притоа аналитичарите утврдиле дека има намалување на учестото на платите на вработените во јавниот сектор во вкупните расходи на државата.

- Имено, највисоката точка се забележува во 2013 година со 22,37 проценти, и во 2016 година со учество од 21,71 отсто. Во 2020 година учеството е 17,17 проценти. Учеството е пониско од светскиот просек, што може да се гледа позитивно доколку е резултат на стратешки реформи и подобрувања на ефикасноста на вработените во јавниот сектор, без да се загрози квалитетот на јавните услуги. Меѓутоа, доколку помалото учество е резултат на потценети плати тоа може да доведе до недоволно финансирани јавни услуги и да влијае на квалитетот на управувањето.

Споредено со Србија и Албанија се увидува истиот тренд на намалување, и трите земји во последните 10 години се под светскиот просек на учество на плати – посочуваат од ЗМАИ.

Целиот текст можете да го прочитате на faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje