Vrabotuvanje.com - ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ МИНИМАЛНО СЕ НАМАЛУВААТ - еве по која цена ќе се продаваат по полноќ
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ МИНИМАЛНО СЕ НАМАЛУВААТ - еве по која цена ќе се продаваат по полноќ

ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ МИНИМАЛНО СЕ НАМАЛУВААТ - еве по која цена ќе се продаваат по полноќ

Малопродажните цени на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар по литар, а екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29  отсто.

Еве по која цена ќе се продаваат по полноќ горивата:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 82 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 73 денари за литар
  • Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) за 72 денари за литар

Со одлуката на РКЕ за 0,756 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 43,209 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,467 отсто, кај дизелот за 0,878, а кај екстра лесното масло за 1,614 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 2,412 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,056% отсто. 

извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje