Vrabotuvanje.com - МТСП објави оглас за воспитувачи за колегијална поддршка во градинките
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

МТСП објави оглас за воспитувачи за колегијална поддршка во градинките

МТСП објави оглас за воспитувачи за колегијална поддршка во градинките

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) објави оглас за ангажирање на 30 воспитувачи/ки за колегијална поддршка за подобрување на компетенциите на кадарот во градинките, нова прогарама којашто се спроведува во соработка со УНИЦЕФ, а е поддржана од Британска амбасада.

На огласот којшто ќе трае до 14 декември годинава, може да се јават сите воспитувачи/ки и педагози од детските градинки кои се заинтересирани за унапредување и подобрување на квалитетотот на  раното учење и развој  во градинките, а ги исполнуваат условите.

Воспитувачите покрај критериумите пропишани во огласот треба да поседуваат ефективни комуникациски вештини, да сакаат да се усовршуваат и да помогнат за професионалниот развој на други колеги и соработници, да имаат одлични организациски способности и да знаат како да ги мотивираат и инспирираат.

Програмата за подобрување на квалитетот на раното учење и развој во установите за згрижување и вопситание на децата се спроведува за прв пат во Македонија. Програмата ќе се пилотира во 7  градинки, и ќе бидат обучени 30 воспитувачи за колегијална поддршка.

Главната цел  на програмата е дека безбедната околина во која растат и се развиваат децата не подразбира само безбедност на физичкиот простор туку и емотивно безбедна и сигурна околина која треба да ја обезбедат возрасните кои ги учат и поучуваат малите деца. За креирање на безбедна социјална средина потребни се знаења и вештини кои можат да ги подобрат и инклузивните практики во установите за деца.

извор: denar.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje