Vrabotuvanje.com - Крај на дивеењето: Паѓаат цените на апартманите
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Крај на дивеењето: Паѓаат цените на апартманите

Годинава хрватските станоиздавачи во приватно сместување се отрезнија и се откажаа од поскапувањето, кое лани ги чинеше празни апартмани среде летната сезона.

Крај на дивеењето: Паѓаат цените на апартманите

Анализата на AirDNA за април покажа дека Хрватска дури ги намалила цените за летната сезона во 2024 година во однос на минатата година, во просек за три проценти.

Ова е поврзано со побавниот раст на побарувачката за краткорочно сместување во споредба со минатата година – Задар, Медулин и Хвар на табелата AirDNA се три од само петте дестинации на листата од 50 европски дестинации кои моментално се дури и во минус со побарувачка за летен одмор на порталите за резервации пишува Јутарњи лист.

Секторот не е изненаден; покрај тоа што во изминатите неколку години имаше поголем раст на побарувачката во однос на другите земји, Хрватска едноставно има премногу приватно сместување и требаше да се прекине еден тренд на раст во однос на понудата.

Извор: nezavisen.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje