Vrabotuvanje.com - Почна со работа првиот приватен ветерен парк во Македонија „Богословец“, ќе обезбедува струја за над 20.000 домаќинства годишно
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Почна со работа првиот приватен ветерен парк во Македонија „Богословец“, ќе обезбедува струја за над 20.000 домаќинства годишно

Денеска се одбележува значаен момент во транзицијата на Македонија кон одржлива енергија со свеченото отворање на Ветерниот парк Богословец.

Почна со работа првиот приватен ветерен парк во Македонија „Богословец“, ќе обезбедува струја за над 20.000 домаќинства годишно

Овој проект вреден 61 милион евра, развиен од THOR Impex, е првиот приватен ветерен парк во земјата и може да се пофали со капацитет од 36 MW, способен да напојува со електрична енергија над 20.000 домаќинства годишно.

На настанот присуствуваа претставници на компанијата сопственикот на ветерниот парк, и претставници од Green for Growth Fund (GGF), амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир и заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф, претставници на банките кои беа вклучени во инвестирањето на овој проект, бројни соработници и гости.

Тие во своите говори по повод првите произведени киловат часови електрична енергија ги истакнаа заедничките напори што го донесоа овој проект до реализација и ги истакнаа неговите еколошки и економски придобивки.

„Она што е особено важно е дека станува збор за македонска инвестиција, македонски капитал кој и понатаму ќе остане во државата да создава дополнителна вредност и да биде извор на идни големи инвестициски проекти. Ваквото достигнување не би било возможно без непоколебливата поддршка од нашите партнери, Ерсте Груп, Комерцијална Банка, НЛБ Банка, Шпаркасе Банка и ОеЕБ, како и Сименс, Инград и нивните подизведувачи Вардар Градба, Хитачи и Елнос чија експертиза овозможи овој ветеренпарк да биде изграден и да почне да произведува електрична енергија согласно проектот. Благодарни сме на сите нашите партнери и сите чинители кои веруваа во овој проект. Вашата поддршка беше непроценлива“, истакна Михајло Михајловски од THOR Impex, компанијата сопственик на ветерниот парк „Богословец“.

Амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир во својот говор истакна дека придобивките од реализацијата на овој проект ќе бидат долгорочни како за животната околина, така и за граѓаните.

„Западниот Балкан има големи природни предности во делот на ветерна, хидро и соларна енергија и огромни можности за приватни инвестиции, надополнувајќи ги и надминувајќи ги инвестициите од ЕУ и останатите партнери. Она што е важно е властите и приватните компании заедно да работат и конструктивно да покажат дека секторот на обновливи извори на енергија максимално го искористува овој потенцијал. Токму овој проект демонстрира како тоа може да биде сторено, здружувајќи локални и компании од ЕУ и банки. Бенефитите ќе бидат долгорочни како за животната околина, така и за граѓаните. Овој проект ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид за 80 илјади тони годишно и ќе обезбеди чиста енергија за 20 илјади домаќинства“, истакна во своето обраќање амбасадорот Гир.

„Богословец“ треба значително да го подобри капацитетот за обновлива енергија на Македонија, усогласувајќи се со целта на земјата да ја зголеми обновливата енергија за 50% до 2030 година.

Ветерниот парк „Богословец“, проект вреден вкупно 61 милион евра, изграден е на 80 километри југоисточно од Скопје, во близина на селото Богословец. Изградбата почна во 2021 година и во изминатиов период „Siemens Gamesa“ инсталира осум ветерни турбини на локацијата. Напојувани од ротори со дијаметар од 145 метри со висина на јарбол од 102,5 метри, овие турбини ќе имаат вкупен капацитет од 36 MW.

Извор: 4news.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje