Vrabotuvanje.com - СРБИТЕ БАРААТ СЕЗОНЦИ: Дневницата изнесува и над 50 евра
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

СРБИТЕ БАРААТ СЕЗОНЦИ: Дневницата изнесува и над 50 евра

СРБИТЕ БАРААТ СЕЗОНЦИ: Дневницата изнесува и над 50 евра

Сезонците во Србија за еден ден можaт да заработат и над 50 евра. 

Србите бараат берачи на вишни, цреши, малини, капини, јаболки, сливи, грозје.

Дневницата на сезонските градинари и овоштари во Србија летово е до 6.000 динари (околу 50 евра) плус храна, пијалоци, превоз или сместување доколку на работникот му треба. 

Повеќето од газдите плаќаат дневница, но има и такви кои работат по час или по учинок. Иако заработката на сезонските работници се зголемува од година во година, луѓе за работа нема. 

Фармерот Апостол Апостоловиќ од околината на Трстеник објаснува дека секоја година голем проблем со сезонските вработувања е што нема кој да работи.

„Дневниците за берење малини се движат од 4.000 до 6.000 динари плус сместување и храна. Тоа е работа од осум до десет часа, и иако има паузи кога берачите не берат на најсилното пладневно сонце, тоа е напорна работа. На второ место меѓу попрофитабилните сезонски работи во Србија е угостителството, кога се зголемува бројот на туристи во текот на летото“, велат газдите, објави Каматица.

И македонските земјоделци го имаат истиот проблем, не можат да најдат сезонци. 

извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje