Vrabotuvanje.com - Во овие земји луѓето најмногу се разведуваат
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Во овие земји луѓето најмногу се разведуваат

Откриено е кои земји имаат најголема, а кои најниска стапка на разводи во светот. Според World Population Review, некои земји повеќе се борат со развод од други.

Во овие земји луѓето најмногу се разведуваат

Земји со најниски стапки на разводи
Ова се податоци за 2022 година, а се пресметани со делење на вкупниот број разводи со бројот на жители. Земјите со најниска стапка на разводи се:

Индија – 0,1 развод на 1000 луѓе
Виетнам – 0,2
Шри Ланка – 0,2
Перу – 0,2
Свети Винсент и Гренадини – 0,4
Малта – 0,5
Јужна Африка – 0,6
Ирска – 0,6
Гватемала – 0,6
Венецуела – 0,7

За да не мислите дека паровите во овие земји се идеално во брак, треба да се забележи дека во некои земји разводот е правно и финансиски тежок.

„Треба да се забележи дека ниската стапка на разводи не мора да значи дека граѓаните на една земја имаат среќни, успешни бракови. Во некои земји, разводите потешко се добиваат, сопругите не сакаат да го напуштат бракот заради своја безбедност и безбедноста на нивните деца или немаат финансиска можност сами да го издржуваат семејството“, пишува World Population Review.

Земји со највисока стапка на разводи
Ова се земјите со највисоки стапки на разводи врз основа на податоците од 2021 година.

Малдиви – 5,52
Казахстан – 4,6
Русија – 4,4
Белорусија – 3,7
Кина – 3,2
Куба – 2,9
Финска – 2,4
Шведска – 2,5
Данска – 2,7
Украина – 3,1

Постојат и фактори кои влијаат на високата стапка на разводи. Тие земји, се истакнува, имаат тенденција да имаат брзи и евтини процеси на развод.

Најчестите причини за развод во земјите со највисока стапка на развод се:

Недостаток на посветеност: 75%
Непремостливи разлики: 57,7%
Премногу млади влегле во брак: 45,1%
Финансиски тешкотии: 36,7%
Злоупотреба на супстанции: 34,6%
Семејно насилство: 23,5%

Извор: info.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje