Vrabotuvanje.com - Малата Лена е најмладиот бурек мајстор во Србија: Има само 9 години, а од 5 години подготвува печива
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Малата Лена е најмладиот бурек мајстор во Србија: Има само 9 години, а од 5 години подготвува печива

Јутјуб каналот „Lovac na ukuse“ објави видео за најмладиот бурек мајстор во Србија, 9-годишната Лена Кљајиќ од Обреновац, која почнала да прави печива кога имала само 5 години.

Малата Лена е најмладиот бурек мајстор во Србија: Има само 9 години, а од 5 години подготвува печива

Родителите на Лена се сопственици на локална пекара, а таа од мала почнала да поминува време со нив во кујната. Овој занает го научила од нејзиниот татко, а во видеото ги покажала своите вештини.

„Ова е наша семејна традиција и тие по малку учат покрај мене“, вели нејзиниот татко во видеото додека покажува како заедно го подготвуваат тестото.

Качена на столче за да биде во висина на работната плоча, Лена вели дека на 8 години научила да прави пити, а на 5 мали печива.

„Лена самата покажа интерес да го научи овој занает, а јас сум тука да ѝ помогнам да научи да биде вистински бурек мајстор и сè да прави рачно, да не работи машински“, вели нејзиниот татко на снимката.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @lovacnaukuse

Додека на видеото се гледа како подготвуваат различни печива од мини печива со виршли па сè до бурек, вештите раце на ова мало девојче се усогласени со движењата на нејзиниот татко со кој ја подготвува храната рамо до рамо.

Исечоците од кулинарските вештини на Лена ги преплавија социјалните мрежи, а ова мало девојче предизвика воодушевување и позитивни реакции во регионот.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje