Vrabotuvanje.com - Скопјани отпадот го оставаат покрај контејнерите - „Комунална хигиена“ загрижена за здравјето на граѓаните среде лето
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Скопјани отпадот го оставаат покрај контејнерите - „Комунална хигиена“ загрижена за здравјето на граѓаните среде лето

ЈП Комунална хигиена-Скопје известуваат дека веќе извесен период се соочува со појавата на масовно непрописно исфрлање отпад во непосредна близина на садовите наменети за одлагање на комуналниот отпад.

Скопјани отпадот го оставаат покрај контејнерите - „Комунална хигиена“ загрижена за здравјето на граѓаните среде лето

- Дивите депонии околу контејнерите настануваат во периодот кога садовите се сосема празни и отпадот може да се одложи во нив. Во текот на изминатиов викенд, екипите на Претпријатието отстранија приближно 40 кубни метри отпад одложен до контејнерите на булеварот Крсте Мисирков - во близина на т.ц. Мавровка, на улиците Џон Кенеди и Христијан Тодоровски-Карпош во општината Чаир, Народен фронт, Даме Груев, Партизанска и Митрополит Теодосиј Гологанов – во општината Центар, како и на улиците 1510 и Христо Татарчев во скопската општина Кисела Вода, велат од претпријатието. 

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат да престане тенденциозното непрописно и несовесно исфрлање отпад на јавни површини. Уште еднаш потсетуваме дека секое одлагање отпад надвор од наменски поставените садови претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота, а сторителите подлежат на санкции.

Ваквото однесување го загрозува јавното здравје и значително ја зголемува опасноста од ширење заразни болести, особено во летниот период, велат надлежните. 

Извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje