Vrabotuvanje.com - За што служи фиоката под рерната? Повеќето луѓе не знаат да ја користат
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

За што служи фиоката под рерната? Повеќето луѓе не знаат да ја користат

За што служи фиоката под рерната? Повеќето луѓе не знаат да ја користат

Веројатно сте меѓу луѓето кои во фиоката под рерната чуваат мрсна хартија, фолија, капаци, тави или калапи за мафини.

Таа фиока всушност служи за да ја одржува храната топла! Тоа е „топла фиока“ во која можете да ставите храна по печењето и таа ќе остане на температура за сервирање.

Ако сè уште го имате упатството за употреба за вашата рерна, проверете што пишува. Повеќето од нив имаат ваков опис:

– Топлата фиока е дизајнирана да ја зачува топлината на топлата храна на температура на сервирање. Секогаш ставајте топла храна во неа. Ладната храна или храната на собна температура не може да се загрее или готви во „топлата фиока“ – пишува Redbookmag.

Ако сè уште не сте ја користеле, тоа е можност да почнете, а може да ви послужи за садот да остане топол додека, да речеме, да дојдат вашите гости.

извор: popara.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje