Vrabotuvanje.com - РУШИМЕ РЕКОРДИ: Просечната плата во Македонија достигна 41.085 денари!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

РУШИМЕ РЕКОРДИ: Просечната плата во Македонија достигна 41.085 денари!

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, изнесува 113.7.

РУШИМЕ РЕКОРДИ: Просечната плата во Македонија достигна 41.085 денари!
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (21.8%), Земјоделство, шумарство и рибарство (18.6%) и Информации и комуникации (18.0%).
 
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (6.3%), Информации и комуникации (5.7%) и Транспорт и складирање (4.9 %).
 
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2024 година, изнесува 41 085 денари.
 
Додека пак, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2024 година, изнесува 61 703 денари.
 

Мислиш дека си малку платен? Провери на Mojaplata.mk - едноставна, брза и точна алатка за одредување на платите на вработените!

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje