Vrabotuvanje.com - КОЈ ЌЕ НЕ ГАСИ?! Нефункционални ер тракторите, нема пилоти – во пензија се!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

КОЈ ЌЕ НЕ ГАСИ?! Нефункционални ер тракторите, нема пилоти – во пензија се!

Ер тракторите се нефукционални бидејќи двајцата пилоти се во пензија, а Дирекцијата за заштита и спасување не смее да лета со само еден пилот.

КОЈ ЌЕ НЕ ГАСИ?! Нефункционални ер тракторите, нема пилоти – во пензија се!

Ова денеска на прес конференција го посочи директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Како што вели, земјава располага со 4 хеликоптери од кои 3 се на Министерството за внатрешни работи, додека пак еден е на Армијата.

„Армискиот хеликоптер е доста зафатен, но во сериозна ситуација би можело да се смета на него“, рече Ангелов.

Според него, Владата во заминување на ниту една седница не дала согласност за ангажирање на пензионираните пилоти.

„До овој момент, не се функционални ‘ер тракторите’ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), бидејќи двајца пилоти се во пензија, а Дирекцијата не смее да лета со еден пилот. И покрај напорите на директорот, овој проблем веќе 2-3 месеци не е надминат, Владата во заминување на ниту една седница не даде дозвола овие двајца пензионирани пилоти да бидат ангажирани со договор на дело. Верувам дека новата Влада на една од првите седници ќе најде решение за овој проблем“, кажа Ангелов.

Тој додава дека иако денес се недоволни подготвени, сепак за 10 дена ќе бидат целосно спремни да се справат со пожарите.

Извор: 4news.mk

 
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje