Vrabotuvanje.com - Убава вест за сите оние планираат да останат или заминат во Германија, се олеснува стекнувањето на германско државјанство
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Убава вест за сите оние планираат да останат или заминат во Германија, се олеснува стекнувањето на германско државјанство

Во Германија од денеска стапува на сила новиот закон со кој се олеснува стекнувањето германско државјанство. Реформата на законот за државјанство, му дава можност на лицето да стане германски државјанин, а во исто време да го задржи државјанството на земјата од која потекнува. Досега, зачувувањето на државјанството на земјата на потекло беше можно само за граѓаните од другите земји од Европската унија.

Убава вест за сите оние планираат да останат или заминат во Германија, се олеснува стекнувањето на германско државјанство

Со новите законски промени кои влегуваат во сила, лицата кои ги исполнуваат сите потребни услови сега можат да аплицираат за германско државјанство по петгодишен престој во Германија, наместо претходно потребните осум години. Децата родени во Германија од странски родители ќе стекнат германско државјанство ако барем еден родител има легален петгодишен престој на германска територија.

Доколку барателот за државјанство покаже „посебни достигнувања во интеграцијата“, како што се особено добри перформанси на работа или училиште или покажува висок степен на социјална посветеност, тој може да добие државјанство по три години престој во Германија.

Освен тоа, на Германците кои сакаат да добијат државјанство на друга земја повеќе нема да им треба посебна дозвола од германските власти.

Извор: skopjeinfo.mk

 
 
 
 
 
 
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje