Vrabotuvanje.com - Финска бележи најголема невработеност во последните три години
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Финска бележи најголема невработеност во последните три години

Финска забележа ново зголемување на невработеноста во мај. Во мај, стапката на невработеност во оваа скандинавска земја беше 10,2 отсто, што е за 1,2 процентни поени повеќе од април и највисока од мај 2021 година, кога беше 10,3 отсто, покажуваат официјалните податоци.

Финска бележи најголема невработеност во последните три години

Невработеноста во возрасната група од 15 до 74 години во мај била 10,2 отсто, по 9,2 отсто во април, пренесува SEEbiz.

Невработеноста кај младите од 15 до 24 години се зголеми на 30,3 отсто, што е за 5,6 процентни поени повеќе од април. Бројот на регистрирани невработени минатиот месец достигна 299.000, откако во април беше 263.000.

Сепак, стапката на вработеност во Финска се зголеми од 62,4 отсто во април на 63,7 отсто во мај.

Извор: biznisinfo.mk

 
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje