Vrabotuvanje.com - Ако сакате да одите на патување со автомобил, потребен ви е зелен картон – Еве како да извадите и колку ќе ве чини
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ако сакате да одите на патување со автомобил, потребен ви е зелен картон – Еве како да извадите и колку ќе ве чини

Ако сакате да патувате со автомобил надвор од границите на својата држава потребно е да имате зелен картон.

Ако сакате да одите на патување со автомобил, потребен ви е зелен картон – Еве како да извадите и колку ќе ве чини

Зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји-членки наведени во полисата.

Цената на зелен картон на патничко возило до 66 KW на годишно ниво е 3.690 денари, а за над 66 KW за една година е 5.536 денари. Цена за патничко возило до 66 KW за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 KW e 3.075 денари. За влечните и специјалните возила, моторциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари. Цената за товарните возила и автобусите е 17.222 денари.

Зелениот картон може да се набави во сите подружнници на Мобилити брокер кои работат во рамките на Станиците за Технички преглед на АМСМ низ Македонија.

Важност на зелената карта е 12 месеци или во рамки на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.

Извор: 24info.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje