Vrabotuvanje.com - Една од најубавите плажи на светот смеат да ја посетат само 60 туристи дневно: Ќе бидете во неволја доколку ве забележат без водич
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Една од најубавите плажи на светот смеат да ја посетат само 60 туристи дневно: Ќе бидете во неволја доколку ве забележат без водич

Архипелагот Мадалена покрај брегот на Сардинија, Италија е дом на голем број прекрасни плажи.

Една од најубавите плажи на светот смеат да ја посетат само 60 туристи дневно: Ќе бидете во неволја доколку ве забележат без водич

Кала Котичо на североисточниот брег на островот Капрера во Тиренското Море е еден таков магичен бисер.

Малата, но прекрасна плажа со ситен бел песок е составен дел од Националниот парк Ла Мадалена и е совршено место за капење и нуркање во летните месеци.

Плажата е опкружена со прекрасно тиркизно море, карпи и медитеранска вегетација и е скриена од љубопитните очи. Поради својот магичен изглед, многумина ја споредуваат со рајските плажи на Тахити во Француска Полинезија.

Интересно е што во последно време бројот на луѓе кои може да ја посетат Кала Котичо во еден ден е ограничен на 60, а местото треба однапред да се резервира со локален водич.

Луѓето фатени на плажа без водич може да бидат казнети.

Да потсетиме, Италијанците ги заострија правилата за да го спречат уништувањето на природните убавини на Сардинија и околните острови во екот на туристичката сезона.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje