Vrabotuvanje.com - Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето e во тек
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето e во тек

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето во тек. Ова го посочи портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето e во тек

„Ве известуваме дека во континуитет се врши надградба на системот „Безбеден град“. Новите камери кои се поставуваат во Скопје се во рамките на проектот „Безбеден град”, кој има за цел зајакнување на сообраќајната безбедност, а откако ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци. Камерите сѐ уште не се во функција. По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект јавноста соодветно ќе биде известена“, вели Ангеловски.

Има околу 100 камери поставени на најфрекфентните места, и на влезот и излезот на Скопје. Некои камери се свртени само во една насока, а некои можат да се вртат за цели 360 степени. Целта им е да му озбезбедат на МВР поддршка за полесно справување со несреќите, за полесно да ги открие тие што ги прекршуват правилата, но и за анализа на густината на сообраќајот што ќе помогне да се наместат семафорите подоборо за поефикасно движење.

„Во иднина треба во континуитет да се инвестира во овој дел, да се прошири и во другите градови низ државата, како и да се распредели дополнителен кадар со цел оваа организациска единица да работи непречено во текот на 24 часа, бидејќи е од круцијално значење за обезбедување на поволна безбедносна состојба“, претходно рече Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Извор: opserver.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje