Vrabotuvanje.com - Прв случај на „самоубиство“ на робот: Kружел на работа и паднал по скалите
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Прв случај на „самоубиство“ на робот: Kружел на работа и паднал по скалите

Веста за првото „самоубиство“ на робот во Јужна Кореја ги шокираше локалните медиуми и покрена прашања за придобивките од вештачката интелигенција на работното место.

Прв случај на „самоубиство“ на робот: Kружел на работа и паднал по скалите

Инцидентот бил пријавен во градскиот совет на Гуми во средата, откако било откриено дека нивниот прв робот, кој бил административен асистент, паднал по скалите и престанал да работи.

Како што пренесува CNA, роботот престанал да дава знаци на „живот“ откако минатата недела паднал од висина од два метри.

Korean robot commits suicide after a year in public service : r/nottheonion

Очевидци наводно го виделе како кружи на едно место пред падот, а точната причина за падот се уште не е позната, изјави претставник на градскиот совет за AFP.

Роботот активно учествуваше во секојдневното доставување документи, промоција на градот и информирање на локалното население.

Информациите на АФП сугерираат дека во моментов нема планови за замена на роботот, кој стана составен дел од градскиот совет.

Извор: kumanovskimuabeti.mk
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje