Vrabotuvanje.com - РЕСТОРАН ВО ЦРНА ГОРА МАКА МАЧИ ДА НАЈДЕ РАБОТНИК: Нуди врвна плата за оваа сезонска работа
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

РЕСТОРАН ВО ЦРНА ГОРА МАКА МАЧИ ДА НАЈДЕ РАБОТНИК: Нуди врвна плата за оваа сезонска работа

РЕСТОРАН ВО ЦРНА ГОРА МАКА МАЧИ ДА НАЈДЕ РАБОТНИК: Нуди врвна плата за оваа сезонска работа

Летната туристичка сезона е во полн ек, а голем проблем за сите што се занимаваат со туризам годинава е адекватната работна сила. Се бараат готвачи, келнери, собарки, но една реклама на социјалните мрежи привлекува повеќе внимание од другите. Имено, во него стои дека се бара пица мајстор и условите се повеќе од добри.

Во огласот стои дека локалот се наоѓа во мало гратче на црногорското приморје и дека е обезбедено сместување и храна. Понудената плата е 1.800 евра, а работното време осум часа.

- Се бара некој кој има најмалку три години искуство во овој бизнис. Постои и можност за трајно вработување, не само во сезоната. Доколку некој сака да ја работи таа работа со овие услови, тогаш може да не контактира - се наведува во огласот.

Иако во Црна Гора во моментов има над 30.000 невработени, мал дел од нив се одлучуваат да работат сезонски, па според традицијата работната сила доаѓа од регионот - Босна и Херцеговина, Србија и  Македонија. Но, нивниот број е значително намален во последните години, па така работната сила на црногорското приморје е барана низ целиот свет.

ДОКОЛКУ БАРАТЕ РАБОТА ВО СТРАНСТВО КЛИКНЕТЕ НА ЛИНКОТ

- Многу мал процент од Црногорците се одлучуваат да работат сезонски работи, затоа сме принудени да бараме работници во други земји. Граѓаните на Србија и Босна и Херцеговина до оваа година традиционално бараа работа на крајбрежјето, но сега во голема мера отсуствуваат бидејќи избраа други и подобро платени дестинации. Сега со нас работат и луѓе од Непал, Индонезија и Молдавија, рече Александар Јовановиќ, претседател на Угостителската асоцијација Будва.

Тој додава дека овој акутен проблем на црногорскиот туризам треба да се решава систематски и заеднички меѓу самите ресторани и надлежните министерства, бидејќи како што посочува, потребно е подобро поврзување на образовните институции и стопанството.

- Потребни ни се наши вредни и млади луѓе кои сакаат да работат. Да имаме наш стручен кадар. Сега се е несигурно. Затоа секоја година сме во се поголем проблем како да најдеме работници, заклучува Јовановиќ.

извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje