Vrabotuvanje.com - Зошто не треба да користите емотикони во мејл
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Зошто не треба да користите емотикони во мејл

Едно ново истражување целосно ќе го промени начинот на кој ги перцепирате популарните емотикони – но затоа ќе и помогне на вашата кариера.

Зошто не треба да користите емотикони во мејл

Луѓето кои употребуваат смајли или емотикони во својота деловна комуникација преку мејл се сметаат за помалку компетентни од тие што не го прават тоа, заклучуваат научниците по серија направени истражувања.

549 луѓе од 29 земји беа замолени да прочитаат неколку анонимни мејлови поврзани со работа – некои со емотикони и некои без – и да ја оценат компетентноста и топлината на испраќачот.

Тие откриле дека емотиконите во мејлот немаат влијание врз перцепцијата на топлината на испраќачот, но тие влијаат негативно врз тоа како другите ја перцепираат неговата компетентност.

Ова е потполно различно од комуникацијата лице-в-лице каде што насмевката промовира компетентност и топлина.

Уште повеќе, при одговарањето на пораките, учесниците вклучиле подетални информации во нивните одговори од оние кои во нивниот мејл не вклучиле никакви емотикони што значи дека покрај перцепцијата за помала компетентност, употребата на емотикони на некој начин ја поткопува и размената на информации.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje