Vrabotuvanje.com - Глоба од 1.500 до 2.000 евра за непочитување – од денеска целосна забрана за движење во шумите
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Глоба од 1.500 до 2.000 евра за непочитување – од денеска целосна забрана за движење во шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност е издадена поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

Глоба од 1.500 до 2.000 евра за непочитување – од денеска целосна забрана за движење во шумите

Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“ и истата започнува денеска, а ќе трае до денот на нејзиното отповикување, односно до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален.

Би можело да ве интересира: Не смеат да се вршат градежни и физички активности во најтоплиот дел од денот

Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на „Национални шуми“ за подрачјето со кое управуваат.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе бидат затекнати ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

Извор: telma.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje