Vrabotuvanje.com - Пад на системите ширум светот: Банки, медиуми и бројни бизниси погодени од глобалниот прекин поврзан со компјутерите со Windows
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Пад на системите ширум светот: Банки, медиуми и бројни бизниси погодени од глобалниот прекин поврзан со компјутерите со Windows

Пад на системите ширум светот: Банки, медиуми и бројни бизниси погодени од глобалниот прекин поврзан со компјутерите со Windows

CrowdStrike, голема компанија за сајбер безбедност, не работи по нејзиното последно ажурирање. Корисниците ширум светот пријавуваат грешка на платформата. Особено погодени се корисниците на Windows. Прекинот се случи ширум светот.

На Reddit, корисник по име BradW-CS објави: „Имавме широко распространети извештаи за BSOD на Windows хостови, кои се појавуваат на повеќе верзии на сензорот. Испитување на причината. ТA ќе биде објавен наскоро“.

Многу компании кои се потпираат на работа на компјутер и имаат Windows систем не се способни да работат. Авионите низ САД и Австралија се приземјени. Во неволја се и банките и продавниците, пишува Гардијан.

„Истражуваме проблем што влијае на способноста на корисниците да пристапат до различни апликации и услуги на Microsoft 365“, истакнаа од Microsoft.

Американската авиокомпанија „Фронтиер ерлајнс“ накратко ги суспендираше сите летови во четвртокот поради голем прекин на мрежите на Microsoft, пишува NY Times.

ТВ и радио станиците исто така не работат или работат тешко, пренесува ABC News.

Националната координаторка за сајбер безбедност на Австралија, Мишел Мекгинис, зборуваше на платформата Х, велејќи дека проблемот се истражува, но дека во моментов нема информации дека се работи за инцидент со сајбер безбедност.

Според Digit.in, проблемот настанал поради системот за заштита што го користи Windows и затоа проблемот настанал на глобално ниво.

извор: denar.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje