Vrabotuvanje.com - Ајкули тестирани на кокаин, сите наоди позитивни: Неверојатно откритие на научниците кои ги проучувале ајкулите на брегот на Бразил
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ајкули тестирани на кокаин, сите наоди позитивни: Неверојатно откритие на научниците кои ги проучувале ајкулите на брегот на Бразил

Ајкули тестирани на кокаин, сите наоди позитивни: Неверојатно откритие на научниците кои ги проучувале ајкулите на брегот на Бразил

Научниците тестирале ајкули во морето во близина на брегот на Бразил и откриле дека тие биле позитивни на кокаин.

Истражувачите долго време укажуваат дека морската фауна може да биде засегната од дрогата што шверцерите ја фрлаат во водата.

Тони кокаин се пронајдени во водите околу Флорида, Јужна и Централна Америка.

Вработуваме низ цела Македонија: Потребни се ВОЗАЧИ

Студијата на фондацијата Освалдо Круз во Бразил откри докази дека ајкулите всушност се под дејство на дрога кои го загадуваат океанот.

Научниците сецирале 13 бразилски ајкули со остар нос (Rhizoprionodon lalandii) кои биле купени од рибари.

Овој вид го поминува целиот свој живот во крајбрежните води и затоа е изложен на загадување.

Сите 13 ајкули биле позитивни на дрога, со концентрации дури 100 пати повисоки од претходно пријавените кај другите водни суштества.

Студијата, сепак, додаде дека полето на истражување е „многу ограничено“ и дека влијанието на кокаинот врз водниот живот не е целосно познато.

извор: denar.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje