Vrabotuvanje.com - Кои земји во светот имаат најдобар баланс помеѓу работата и приватниот живот? Еве која е прва на листата
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Кои земји во светот имаат најдобар баланс помеѓу работата и приватниот живот? Еве која е прва на листата

Платформата за вработување „Remote“ спровела истражување за нивото на рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот во земјите од светот, а Нов Зеланд го зазеде првото место.

Кои земји во светот имаат најдобар баланс помеѓу работата и приватниот живот? Еве која е прва на листата

Нашата рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот многу често зависи од културата на земјата во која работиме. Некои места се поблаги во однос на празничните денови и слободното време, додека други се многу построги.

За да помогне во разбирањето на различните ставови за работата низ светот, платформата за вработување „Remote“ го спроведе својот втор годишен глобален индекс на рамнотежа помеѓу работата и животот преку фактори како што се минимална плата, боледување, породилно отсуство, здравствена заштита, јавна среќа, просечни работни часови и ЛГБТ инклузивност низ целиот свет.

Секоја од земјите добила оценка за „рамнотежа помеѓу работата и животот“ на скала од 0 од 100 поени, а Нов Зеланд е на врвот на листата со резултат од 80,76. Исто така, го зазеде првото место во студијата од 2023 година. Нов Зеланд е рангиран на првото место благодарение на високите минимални плати и годишниот одмор од 32 дена.

На второ место е Ирска, која скокна за импресивни 19 места во однос на студијата од 2023 година, благодарение на воведувањето на законски надомест за боледување, а Данска и Белгија го делат третото место.

Интересно е што Германија, земјата која неодамна беше прогласена за најдобра европска земја за рамнотежа помеѓу работата и животот благодарение на значително потпросечното работно време, во оваа студија е на дури 6-то место.

Десетте најдобри земји во светот кои имаат најдобар баланс помеѓу работата и приватниот живот, според „Remote“, се:

- Нов Зеланд

- Ирска

- Данска и Белгија

- Канада

- Германија

- Финска

- Австралија

- Норвешка

- Шпанија

Извор: supermen.tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje