Vrabotuvanje.com - ПОЧНУВА НОВ ТОПЛОТЕН БРАН! „Луцифер“ носи пеколни денови во август
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ПОЧНУВА НОВ ТОПЛОТЕН БРАН! „Луцифер“ носи пеколни денови во август

Следната седмица, и тоа почнувајќи од понеделник во Европа ќе има големи температурни аномалии. Од една страна, во Македонија, како и целиот Балкански полуостров ќе биде зафатен од топлотниот бран “Луцифер” и истиот ќе услови насекаде да има екстремно високи температури на воздухот кој на многу места ќе се искачат до околу, па и над 35 степени.

ПОЧНУВА НОВ ТОПЛОТЕН БРАН! „Луцифер“ носи пеколни денови во август

Локално во регионот, како и во нашата Македонија температурите ќе се искачат до, па дури и над 40 степени, пишува Славчо Попоски во својата метео анализа.

Од топлотниот бран “Луцифер” ќе биде зафатен најголем дел од Европскиот Континент, особено јужна, југоисточна,  и југозападна Европа. Температурите ќе бидат значително над просекот, односно тие ќе бидат повисоки од нормалните дури и за повеќе од 10 степени.

Од друга страна, североистокот и истокот на континентот ќе биде зафатен од циклонска активност и од многу постуден воздушен бран кој ќе услови во овие предели да има врнежливо и невообичаено студено време за месец август.

Во нашиот дел од континентот и понатаму врнежите ќе бидат значително потпросечни, што значи дека сушата ќе ја имаме  и следната седмица, па токму поради ова, но и поради екстремно високите температури, останува зголемениот ризик од појава на нови шумски пожари, па затоа апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни како се однесуваат со природата, пишува Попоски.

Извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje