Vrabotuvanje.com - ВАЖНО ЗА СИТЕ ШТО СЕ ИЛИ ЌЕ ОДАТ ВО ГРЦИЈА: На 15 август ќе биде гужва и ништо нема да работи, еве кои се причините
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ВАЖНО ЗА СИТЕ ШТО СЕ ИЛИ ЌЕ ОДАТ ВО ГРЦИЈА: На 15 август ќе биде гужва и ништо нема да работи, еве кои се причините

ВАЖНО ЗА СИТЕ ШТО СЕ ИЛИ ЌЕ ОДАТ ВО ГРЦИЈА: На 15 август ќе биде гужва и ништо нема да работи, еве кои се причините

Доколку патувате во Грција околу 15 август, знајте дека ќе има повеќе гужви по патиштата и траектите, паркинзите, но и дека на 15-ти каде и да сте случајно ве очекува голема прослава. На тој ден се слави Голема Богородица и сите места го слават.

И во Грција официјално е неработен ден, па затоа внимавајте и на тоа доколку планирате да пазарите или да го посетите Солун или некој друг голем град.

Ќе има гужва затоа што сите Грци (најчесто од големите градови) одат во своето село, во своите викендички (што е случај на Халкидики) или кај роднините да го прослават празникот.

Секој регион и место има свои обичаи во чест на Богородица кои се негуваат и почитуваат. 

Денот започнува со свечена литургија и молитви наутро во црква, а на повеќе места се изнесува иконата на Богородица украсена со цвеќиња, додека вечерта следува голема веселба со храна, песна и игра.

извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje