Vrabotuvanje.com - Деновите пред нас пеколни, а потоа пристигнува циклонот „убиец на летото“?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Деновите пред нас пеколни, а потоа пристигнува циклонот „убиец на летото“?

Времето во Македонија до четврток ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со максимална температура наместа и над 40°C поради што ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури, соопшти УХМР.

Деновите пред нас пеколни, а потоа пристигнува циклонот „убиец на летото“?

Од утре во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на краткотрајно невреме.

За време на викендот нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

Во Скопје до четврток ќе биде сончево и многу топло, а за време на викендот во делови од котлината во попладневните и вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на невреме.

Додека ја следиме прогнозата и најавениот пад на температурите, метеоролошките ентузијасти се во очекување на таканаречениот „убиец на летото“ (summerkiller) термин резервиран за првиот сериозен циклон околу празникот Голема Богородица, по кој летото „не е исто“.

Иако жештините се уште се можни и веројатни, „убиецот на летото“ е циклон кој го задава првиот сериозен удар на летото.

Според Европскиот центар за среднорочни временски прогнози од Рединг, за седум дена од северозападниот дел на стариот континент, студен воздух треба да навлезе во нашето подрачје „во височина“, со истовремено формирање на циклон кој конечно би донел врнежи и би завршил долгиот сушен период во кој се наоѓаме.

Извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje